Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во северозападните планински подрачја ќе има услови за изолиран пороен дожд и појава на ретки грмежи. УВ=8
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 16 °C до 36 °C.
Во наредните денови од УХМР велат дека времето ќе биде уште потопло. Дневните температури ќе бидат во пораст, на некои делови од државата ќе надминуваат 40 степени.