„Цело е кога се има 30“ тематски е осмислен како серија од настани, коишто преку своите идејни решенија и планирани продукциски активности има за цел да го претстави континуитетот и трајноста на современа македонска уметност, литература и култура. Модерниот и креативниот пристап во осмислувањето на предложените активности ја допираат не само промоцијата, туку и реактуализација (нови естетски доживувања) на поезијата, музиката, танцот и театарот создавани од 1945 година до денес.
Главната цел на проектот и вклучените настани е модерната анализа и мултимедијалниот пристап во работата со клучните дела и автори од македонската современа литература, музика и уметност со цел да се претстават, не само како значајни за развојот и видливоста на македонската култура и идентитет, туку и како материја која со помош на современи техники може да биде атрактивна и за најмладите граѓани. Процес, којшто со сигурност ќе има влијание врз реактуализацијата на авторите и делата и нивна понатамошна врежаност во колективната меморија на населението.
Дигитализацијата на културните настани е пракса која не е вообичаена не само во Регионот, туку и во државата, поради што како една од целите е поставена целосна дигитализација на настаните, како и изработка на заклучен краен документарен филм.
Ангажирајќи креативни лица од Пелагонискиот регион истрајно и континуирано ја поддржуваме независната културна сцена, го зајакнуваме местото на Прилеп во културната мапа на регионот, како и влијание врз процесот на децентрализација на културата во државата. Настаните ќе се одржат во Прилеп, на сцените на Домот за култура Марко Цепенков, Народниот театар Војдан Чернодринскии пред Саат-кулата, како и во Крушево, односно Музејот на НОБ и платото пред споменикот Македониум.
ПРОГРАМА:
21 август, НУЦК „Марко Цепенков“, Летна Сцена, Прилеп
22 август, НУ „Историски Музеј“, пред споменикот Македониум, Крушево
- X SquaredDanceCollective (Ludon DC)
“Парадоксот на Диоген” (Томе Арсовски),Кореографија: Јована Зајкова и Бобан Русески / Музика: Тодор Скаловски
- Концертна промоција на албумотАпокриф на Добрила и Дориан Дуо
Добрила Грашеска – вокал, Дориан Јовановиќ – ут, лупови
23 август, НУЦК „Марко Цепенков“, Фоаје, Прилеп
Креативна работилница и изложба за младинци Украсуваме македонска поезија (Јулијана Талеска).
24 август, НУЦК „Марко Цепенков“, Голема Сала, Прилеп
Вариете-вечер посветена на основоположниците на современата македонска поезија со И. Трпчески, Д. Ѓеорѓиевски, Д. Иваноска, И. Јованоски и М. Костоски.
25 август, НТ „Војдан Чернодрински“, Прилеп
26 август, Музеј на НОБ, Летна сцена, Крушево
Театарска претстава Мендо и Мајло (Театарска Работилница Прилеп)
режија на Игор Трпчески, по текст на Мирјана Р. Селчанец
27 август, БросБургер, Прилеп (придружна програма).
Градска игранка.
28 август, Саат-кула, Прилеп
Младински фестивал на локални изведувачи во соработка со #teentopishow на Радио Пела (Теодора Велкоска и Теа Кокондоска).
29 август, Саат-кула, Прилеп (придружна програма).
Градска игранка.
30 август, Дом на култура Крушево
Мултимедијална работилница и изложба за реактуализација на делото и ликот на македонскиот сликар и академик Никола Мартиноски (Емил Солески).
31 август, НУЦК „Марко Цепенков“, Фоаје, Прилеп
Мултимедијална изложба „30 години независност“ (Јавен Повик)
1 септември, НУЦК „Марко Цепенков“, Голема Сала, Прилеп (придружна програма).
Театарска претстава на Театар Чин 4 Сцена 5, во режија на Саша Нацевски.
2 септември, Саат-Кула, Прилеп
TheDreamers, градска забава во ритамот на македонската музика од 90-те.
3 септември, НУЦК „Марко Цепенков“, Летна Сцена, Прилеп
Концерт со авторска музика на група TheHounds (најава на втор албум).
4 септември, НУЦК „Марко Цепенков“, Летна сцена, Прилеп
Диџејски сет со авторска музика на Mitrik&Samardjiski [roomania].
5 септември, НУЦК „Марко Цепенков“, Фоаје, Прилеп (придружна програма)
Музички перформанс на ЗаринаПрвасевда.
МУЗИКА
Добрила Грашеска (Чалгија Саунд Систем) и Дориан Јовановиќ (StringForces) Дуо.
TheHounds (Златко Карчески, Крсте Карчески, Илија Мирчески, Јане Петкоски).
TheDreamers (Милан Секулоски, Кире Најдоски, Викторија Стојческа, Маја Црвенковска).
Room 313 (Митрик и Самарџиски).
Методија Костоски (мулти-инструменталист).
ЗаринаПрвасевда (перформерка, мултимедијална артистка)
ТЕАТАР И СЦЕНСКИ ПЕРФОРМАНСИ
Игор Трпчески (актер, режисер, поет).
Исидор Јованоски (актер, поет, културен аниматор).
Даниела Иваноска (актерка).
Димитар Ѓеорѓиевски (актер).
Трајче Иваноски – Пепио (актер-првенец).
Андон Јованоски – Ашата (актер-првенец).
Саша Нацевски (режисер, културен аниматор, наставник).
ТАНЦ
X Squared Dance Collective (Ludon DC)
ЈованаЗајкова, БобанРусески, АнастасијаДанчевска, ДејанБитровски; ЈанаТрајковска, ИлинаКостовска (Стажантиод ДМБУЦ “ИлијаНиколовскиЛуј”, Скопје)
ЛИКОВНИ И ГРАФИЧКИ УМЕТНОСТИ
Емил Солески (скулптор, културен аниматор).
Дарко Талески (уметник, графичар, илустратор).
Ѓорѓи Десподов (уметник, графички дизајнер, илустратор).
КУЛТУРНА АНИМАЦИЈА
Јулијана Талеска (културна аниматорка, наставничка).
Теодора Велкоска (актерка, водителка, културна аниматорка).
Теа Кокондоска (актерка, културна аниматорка).
Македонка.
Плакат: Ѓорѓи Десподов.
Дизајн на програма: Дарко Талески.
Организатор: Театар Чин 4 Сцена 5.
Проект-менаџер: Звонко Димоски.
ПР: Македонка.
Проектот е поддржан од Влада на Република Северна Македонија.