ВИДЕО – Промени во прославата за 2 август на Мечкин Камен


Неофицијално Инфо Компас дознава дека годинава чествувањето на Илинден на Мечкин Камен во Крушево, каде треба да присуствува претседателот Пендаровски се планира да биде поразлично  од сите додегашни чествувања од осамостојувањето до денес. Според нашите извори се планира одредено помирување и средба помеѓу политичките партии, но засега ова никој официјално не сака да го потврди. Од кабинетот на Претседателот велат дека се уште во тек е подготвката на сценариото за одбележување на празникот. Премиерот Заев годинава треба да биде во Пелинце, а претседателот на Собранието, Талат Џафери во Скопје. Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека лидерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на прославата во Ташмаруништа.

Она што засега се знае за одбележувањето во Крушево е тоа дека на 31 јули треба да пристигнат коњаниците кои доѓаат од неколку краеви од Македонија, а на 1 вечерта е свеченото отворање на НКС 10 дена Крушевска република. Новина е тоа што од државниот архив и архивот во Прилеп ќе бидат презентирани фотографии и документи за Илинденскиот период. Од Архивот велат дека тоа се материјалнии докази за бескомпормисната борба на македонскиот народ за создавање на своја сопствена држава. Според Архивот Илинден е темелот на Македонија.

За прв пат ќе се објават списи и докази за она што значеше одржување на самото востание, 10 дена крушевска република, војводите, логистичката поддршка и самото ослободување. За прв пат ќе бидат извадени на видео бим и ќе течат цело време додека трае манифестацијата“, истакна Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

За да се привлечат што е можно повеќе туристи, од 1 до 10 август во Крушево ќе има и органзиирано аутдор фестивали, пливачки маратон во вештачкото езеро, театарски претстави, а ќе гостуваат и голем број наши музички ѕвезди и диџеи. Инаку Крушево очекува да добие и соодветен сертификат дека е здравствено безбедна туристичка дестинација за европските туристи. За таа цел експертите од Европскиот совет во Крушево ќе престојуваат од 4 до 9 август кој треба да ја утврдат состојбата со Ковид 19.

Што пак за нас е голема придобивка, но и голема одговорност затоа што еден таков сертификат ќе придонесе за повеќе туристи, односно поголема заинтересираност за туристите не само од Македонија туку и од цела Европа“, вели Сотир Габелоски, Општина Крушево.

Исполнетоста на капацитетите за празниците засега во Крушево се движи околу 40%, но се очекува таа бројка да се зголеми.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи