Вчера се аплицирале 18 149 дози вакцини, 5 650 граѓани примиле прва доза


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 495.967 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 5.650 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.149 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 847.336 дози вакцини, а ревакцинирани се 351.369 граѓани.

Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 60% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи