Многу топло време, од среда до недела надпросечни температури над 40 °C

Facebook
Twitter
Email
Print


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. УВ=9

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 17 °C до 38 °C.

УХМР со актуелно предупредување:

Од денес до крајот на оваа седмица под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени.

Најтопло ќе биде од среда до недела кога ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 40-тиот степен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи