На 26.07.2021 во 16.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид- Ресен, во близина на депонијата Буково, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(70) од Прилеп и товарно возило „исузу“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(56) од Охрид, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Л., констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“.