Филипче: Од 330 000 ревакцинирани граѓани, само 92 заболеле од ковид-19


Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека процентот на граѓани кои се заразиле со коронавирус и покрај примени две дози на вакцина е многу мал. Од околу 330 000 ревакцинирани граѓани, 92 заболеле од ковид-19.

„Тоа значи дека процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е навистина многу мал, некаде околу 0,02 проценти што е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината и апелирам повторно сите граѓани да се свесни дека тоа е единствниот начин да се смени сликата зa пандемијата“, кажа Филипче.

Најмалку со една доза се вакцинирани 500 000 лица и се очекува до крајот на август сите тие да примат и втора доза.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи