На 5-ти август во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ ќе настапи бендот Skopje Jazzinc на летната сцена, позади музејот на Народнослободителната борба.
Бендот Skopje JazzInc е на сцената од 2018 година и го сочинуваат Трајче Велков на труба, Горан Гешоски – бас гитара, Зоран Костадиновски на гитара и Виктор Филиповски на тапани.
Целовечерниот настап ќе се состои од џез музика, односно авторски песни на бендот.
Концертот ќе започне во 20 часот.
Во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ досега најавивме дека на отворањето ќе настапи бендот Љубојна, а на 7-ми август Рок Симфони при Камерен оркестар Битола и познатиот македонски ди џеј Галоски.