Бајачка од Прилеп измамила жителка на Дебар


Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против жителка на Прилеп, која во Дебар се претставувала како бајачка.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Р.(37) од Прилеп. Таа, со намера да прибави противправна корист, на 18 јули свесно довела во заблуда жителка на Дебар на која, претставувајќи се како бајачка, и побарала златен накит и не и го вратила“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи