Владата на Република Македонија на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари.
Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000,00 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.
Георгиевски вчера стана олимписки вицешампион во теквондо во категоријата до 80 килограми. Тој се закити со сребро откако во финалето изгуби со 15:9 од Русинот Владислав Ларин, најдоброрангираниот натпреварувач на турнирот. Ова е прв олимписки медал за Македонија по пауза од 21 година.