84 годишен Германец заврши на суд – во својот дом чувал тенк


84 годишен пензионер од Германија во својот подрум чувал тенк, противавионска пушка и торпедо од Втората светска војна. Во 2015 година оклопното возило „Пантер“ било отстрането од подрумот на куќата во германскиот град Хајкендоф со помош на околу 20 војници после 9 часовно извлекување при што бил префрлен на ниско-преносен натоварувач.

Адвокатите, обвинителите и бранителите сега преговараат за можната казна, која се движи од условна до парична во висина од 500.000 евра казна.

Адвокатот на обвинетиот вели дека американскиот музеј е заинтересиран за купување на „Пантерот“, а многу историчари тврдат дека тоа било најефикасното воено возило што го користела Германија во војната.

Во понеделникот, на судското рочиште во градот Кил, адвокатите се обиделе да утврдат дали воената колекција го крши германскиот закон за контрола на оружјето, а одбраната порача дека многу оружја веќе не се функционални и дека „Пантерот“ е купен како отпад и размислува да прифати казна помала од 50.000 евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи