Известување за склучување на договори за штандови за Илинден 2021


За претстојниот празник Илинден и неговото одбележување на 1-ви август на месноста Гумење и на Мечкин Камен на 2-ри август јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево ги известува граѓаните заинтересирани за продажба на производи дека треба да се обратат до претпријатието за да склучат соодветни договори.

Ваков договор е задолжително да се склучи затоа што надлежните служби ќе вршат контроли на 1-ви и 2-ри август и работата со штандови и продажба на производи треба да биде соодветно регулирана.

Напоменуваме, според протоколите подготвени од Комисијата за заразни болести не е дозволено служење на храна и пијалоци, со исклучок на пакувана вода. Штандовите можат да се користат за продажба на сувенири и слични производи.

Во текот на денешниот и утрешниот ден „Комуна“ Крушево стои на располагање за склучување на договори кои ќе бидат своевидна дозвола за вршење на овие услуги.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи