Патот од Прилеп до селото Дабница е претворен во вистинска депонија. Граѓаните се жалат дека несовесни граѓани постојано ѓубрето го фрлаат тука, а казни од институциите за тоа нема. Велат дека не можат повеќе да ја поднесат миризбата, а чашата ја прелило тоа што сега се започнало со оставање таму и на починати животни. Денесka до нашата редакција револтирани граѓани испратија фотографија од починато магаре фрлено на патот.