173 казнети возачи на мотоцикли, 7 одземени мотоцикли поради бучава

Facebook
Twitter
Email
Print


Во текот на вчерашниот ден (27.07.2021) спроведена е  зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 173 возачи.

Од нив, 99 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 38 возеле без возачка дозвола, 7 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи