ВИДЕО – Вечерва промоција на документарни филмови и фотографии како дел од проектот „Прилеп – градот народен херој за време на НОБ“


Вечерва во фоајето на Домот за култура „Марко Цепенков “ во Прилеп се одржа завршниот настан на проектот „Прилеп – градот народен херој за време на НОБ“ на кој што беа промовирани 360° виртуелни прошетки и документарни видеа за: Меморијалниот музеј „Кузман Јосифоски “ – Питу, Меморијалниот музај „11 Октомври 1941“ и спомен паркот на Револуцијата. Исто така, настанот беше збогатен со изложба на фотографии од овие историски објекти.

„Имено во самиот проект на Владата беа наведени кои се поддржуваат со повикот, меѓу кои беа и тоа дека ќе се поддржуваат активности поврзани со историски настани кои се однесуваат на државноста, незавиноста и развојот на нашата држава, меѓу тие активности беше наведена и НОБ, па од тука дека Прилеп е единствениот град во нашата држава кој го има добиено највисокото признание „Орден град народен херој“ тоа за нас беше дополнителен поттик и мотивација да организираме и реализираме еден ваков проект. Денес на завршниот настан  ќе бидат промовирани 360 виртуелните прошетки и документарните филмови кои се изработија за Меморијалниот музеј „Кузман Јосифоски “ – Питу, Меморијалниот музај „11 Октомври 1941“ и спомен паркот на Револуцијата. Денешниот настан е збогатен ии со изложба на 50 фотографии од овие историски објекти. Изложбата ќе биде достапна за пошироката јавност во наредните 10-тина дена, а додека другиот фото и видео материјал кој што се изработи во рамки на проектот ќе биде достапен на официјалната веб страна на Завод и Музеј Прилеп. Со ова се збогати фото и видео промоцијата на историското наследство на Општина Прилеп како и туристичката промоција, а се во насока на поддршка на локалниот економски развој на Општина Прилеп“, истакна Мери Бошкоска, проект менаџер на проектот.

Според организаторите основната цел на пректот била помовирање на историското наследство на Општина Прилеп од времето на НОБ преку користење на иновативни промотивни алатки. Преку проектот се сака да се постигне поголема туристичката промоција и поддршка на локалниот економски развој на Прилеп како и поголема промоција на музеите.

„Има изработено и 50-тина фотографии на истата тема, кои се авторски, не се преземени од никаде, исто и во филмовите нема никакво преземање на други материјали, тој е лично наш. Виртуелните тури ги изработи Диме Ристески и Мери Бошкоска и овој проект е за да помогне повеќе на тие музеи и на Паркот, да влезат на туристичката карта. Заедно со турите од 360 степени влегуваат и на google maps, за да може секој кој сака да направи една виртуелна тура по музеите“, рече Оливер Ангелески, Фан Продукција, реализатор на проектот.

Проектот е поддржан од Владата во рамките на програмата „30 години независност на Македонија“, а е имплементиран од Фан Продукција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи