Поради пандемијата се поголем број компании започнаа да да работат онлајн, а со тоа ја доведуваат во прашање и безбедноста на својата компанија поради се почестите хакерски напади. Од друга страна пак безбедноста на нашите компании од ваквите напади и заштитата од сајбер криминалот и премногу мала и потребна е поголема едукација на бизнис секторот. Токму поради Здружението на професионалци консултанти го „Подготвеност за Европа“ го спроведуваат проектот „Поддршка за сајбер безбедност во микро и мали фирми“, кој што е поддржан од Амсасадата на САД во Македонија, а се реализира и со поддршка на ЛАГ АГРО ЛИДЕР. Целта на овој проект е да се зголеми свеста кај овие компании кои работата онлајн за тоа дека треба да се заштитат, односно да имаат сајбер безбедност на високо ниво.
„Можи на пример да се изгубат сите податоци во еден момент доколку еден вработен не е едуциран како да се однесува со документите онлајн и во тој случај се користи бекап систем, кој што е како на УСБ стик, тука се иимаат сите информации и потоа ИТ провајдерот, односно тој што би ни помогнал да се заштитиме за да имаме сајбер безбедност, тој бии ни ги повратил информациите. Но во овој случај мора да има бекап меморија. На пример може да се случи доколку фирмите собираат лични податоци, како на пример туристичките агенции, може да дојде до хакинг напад и да се злоупотребат тие податоци како што се број на лична карта, број на трансакциска сметка“, вели Фани Ангелеска, дел од тимот на здружението професионалци консултанти „Подготвеност за Европа“.
Присутните компаниии пополнија еден прашалник според кој експертите ќе може да се запознаат со ризиците на кои тие се изложени. Ќе им биде направена проценка на ризик и препораки како да се заштитат.
„И наша препорака е како што и ние во нашата компанија имаме ИИТ провајдер, односно ИТ давател на услуги, бидејќи ние не сме толку искусни околу тоа и запознаени со хакерството или програмерските работи, тие доаѓаат секоја недела, ни вршат проверка на сите системи што ги имаме во канцеларијата и на сите уреди и доколку иима некоја опасност во работењето тие нас тоа ни го решаваат и тоа е многу добра соработка која ја имаме со нив“, додаде Ангелеска.
Ова е прв ваков настан органзииран во Прилеп, а промоцијата на проектот ќе продолжи и во други градови од Македонија.