На денешната седница на Совет на Општина Прилеп, се случи невиден преседан, каков што нема никаде во светот. Замислете, мнозинството во советот на Општина Прилеп изгласа втор командир на ПС-ОН Прилеп, иако претходниот командир за кого уште се води постапка, не е официјално разрешен со решение од функцијата командир. Се вели во денешното соопштение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Соопштението го пренесуваме во целост.
„Ова е досега невидено кршење на законот кој јасно ја предвидува постапката на разрешување и избор на нов командир. Министерот за внатрешни работи прво треба да го разреши досегашниот командир, па потоа со предлог може да се продолжи изборот на нов командир на ПС-ОН Прилеп.
За огромна жал, советниците од редовите на СДСМ, освен партиската агенда која им е наметната, во очи на локалните избори, не ги интересира ништо друго, а најмалку почитувањето на законите.
На ваков начин, нашата општина Прилеп, во моментот има два командири. Можеби оваа одлука на советот, се должи на фактот што Прилеп е претворен во град на мафијата, рекетот и продажбата на дрога, па сега сакаат со два командири да ја подобрат безбедноста на граѓаните?!“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.