Вратена книга во библиотека после 50 години со извинување и 20 фунти


Книга која била позајмена од Централната библиотека во Пејсли, Шкотска, е вратена по околу 50 години со анонимно писмо со извинување и банкнота од 20 фунти.

Вработените биле изненадени кога поштарот им доставил голема бела торба во која се наоѓала книга со рецепти на индиската авторка Балбир Синг.

Се претпоставува дека книгата била позајмена околу 1968 година, но бидејќи ова се случило многу одамна нема начин да се знае кој ја позајмил.

Во писмото што било доставено со книгата се вели: „Ве молиме, прифатете ги моите извинувања за доцното враќање на оваа книга. Во прилог е надоместок за овој пропуст. Ви благодарам.”

„Тоа беше прекрасен гест од оној што ја најде книгата да одвои време да ја испрати назад со банкнота од 20 фунти како знак на почит затоа што е толку одложено. Ние ќе се погрижиме парите да одат во добра цел“,вели Линда Флин од Централната библиотека во Пејсли.

Сепак, книгата не е во состојба да се врати на полиците и да биде позајмувана, но ќе добие посебно место во библиотеката.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи