Еден новозаразен од корона во Прилеп, 54 нови случаи во Македонија


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 3, Кочани и Гостивар – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 966.813 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројката на оздравени пациенти е 150.333, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 401.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи