Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степени. УВ=9
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 14 °C до 39 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време (до 06.08) со натпросечни температури за овој период од годината. Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен.