За многу брзо започнува изградбата на резервоар за вода во населено место Пресил.
Денес е потпишан договор за изведба и се врши вовед во работа. Според градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски овој проект е реализација на уште едно ветување.
„Започнуваме со реализација на уште едно ветување и решавање на еден горлив проблем. Многу често сограѓаните од Пресил се жалат на недостаток на вода и токму со изградба на резервоар ќе обезбедиме редовно водоснабдување. Работиме насекаде и така и ќе продолжиме. Нашиот фокус е адресирање на најголемите проблеми на граѓаните за да го подигнеме секојдневниот живот на едно повисоко ниво“, изјави градоначалникот Христоски.
Проектот се имплементира во рамки на „Развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој“ на Бирото за регионален развој, а договорот со изведувачот чини 2 122 272 денари.