Со 59 гласа „за“. Собранието ги усвои измените на законот за државјанства.
Против гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и тројца пратеници од владејачкото мнозинство. Со измените се предвидени 16 услови со кои луѓе кои до прогласувањето на независноста живееле во Македонија можат да се стекнат со државјанство.
Во овие услови влегуваат платени сметки за струја, вода, потврда за преглед кај лекар, штедни книшки, ученички книшки…
Законот се донесе со европско знаменце по скратена постапка откако претходно партијата Левица го блокираше со над 1.000 амандмани.