Претседателот Стево Пендаровски од оваа година воведува нов концепт за прослава на 2 Август.
Оваа година во Крушево нема да има говор на претседателот Пендаровски, а чествувањето ќе биде после 18 часот за да можат да дојдат и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој според системот на ротација годинава треба да биде на одбележувањето на празникот во Скопје и премиерот Зоран Заев кој ќе биде во Пелинце.
Исто така, Пендаровски ги поканил во Крушево и сите лидери на политички партии, но досега присуството го потврдил само Али Ахмети.
Според најавите од кабинетот на Пендаровски, програмата ќе почне со читање на илинденски пораки и Крушевскиот манифест. Пораките ќе ги чита актерот Никола Ристановски, потоа ќе настапи Влатко Стефановски. По нив следуваат настапите на Танец, на Албанскиот ансамбл и на Воениот оркестар.
Идејата е сите политичари да дојдат во Крушево, да нема поделби и тоа да биде симболичен чин на обединување.