Овој пат Пејо че ви кажи за прилепската култура, нешто супкултура, ама че слушните и за некултурата во градов. Наши случајни и намерни гости се Анџела од Холандија, Саша Нацевски од „Чин 4 Сцена 5“, трубачите од Македонски квартет труби, Звонко Димоски, уметниците кои ги цртаат прилепските мурали, но и дечките кои секоја вечер Ве забавуваат пред Домот за култура. Ќе погледнеме и тоа зошто се затворени музеите во Прилеп и работат само по договор.