Синоќа на истово ова место, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одржаа партиски митинг, при што на виделина излезе безидејноста и очајот во кој се наоѓа најголемата опозициска партија, рече на денешната прес конференција Филип Попоски – портпарол на ОО СДСМ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Синоќа, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа зошто се наоѓаат 4 години во опозиција и зошто ќе останат таму најмалку уште толку.
Во деновите кога комплетното поранешно државно и партиско раководство на ДПМНЕ, чиј најблизок соработник беше токму Мицкоски, е осудено на повеќегодишни затворски казни заради пљачкосување на сопствената држава, тој бесрамно зборуваше за борба со криминалот и корупцијата.
Марионетата на унгарскиот бегалец вети изградба на автопат од Велес до Меџитлија, во моментите кога во полн ек е изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп и кога Владата на СДСМ веќе го најави автопатското решение од Прилеп до Битола.
Мицкоски зборуваше за изградба на булевари, а на само десетина метра од него се наоѓаше еден од најубавите и најсовремени булевари во нашата држава, реконструиран за време на актуелната локална власт предводена од СДСМ.
Првиот човек на најбогатата партија во Европа, без срам и перде зборуваше и за изградба на спортски објекти, а притоа самиот помина покрај целосно реновираниот Градски фудбалски стадион „Гоце Делчев“, кого неговите сопартијци го оставија уништен и руиниран, на рамниште на ливада.
Почитувани, жална и губитничка беше синоќешната атмосфера на овој плоштад.
Бидејќи, кога лидерот на една партија не го знае името и презимето на човекот кого дошол да го промовира како свој кандидат за градоначалник на Прилеп, во најмала рака значи негово понижување и девалвирање.
Меѓутоа, тоа е најјасната порака која Мицкоски на директен начин им ја соопшти на своите сопартијци, но и на сите граѓани на Прилеп: дека дури и нему му е јасен исходот од претстојните локални избори.
Дека на октомвриските избори СДСМ ќе извојува уште една победа, дека локалната власт во Прилеп и во следните 4 години останува во рацете на СДСМ и коалициските партнери!
Бидејќи СДСМ е најдоброто за нашата општина!“, рече Попоски.