Осумнаесет годишниот фудбалер И.Н. од Прилеп вчера во 20:40 часот пријавил дека бил физички нападнат од фудбалер од друг фудбалски клуб.
Случајот, информираат од СВР Тетово, е пријавен во гостиварската полициска станица.
„Фудбалер пријавил дека околу 16.15 часот на улица „Живко Брајкоски“ бил физички нападнат од И.Л. од Тетово, фудбалер од друг фудбалски клуб“, се наведува во соопштението од СВР Тетово.
Неофицијално, инцидентот се случил пред натпревар меѓу два фудбалски клуба.
Од полицијата истакнуваат дека се работи на расчистување на случајот.