На 6. август претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги распише изборите.
Ова тој го кажа на брифингот со новинарите откако претходно беше познато дека партиите се договорија и ги усогласија ставовите изборите да се одржат на 17. октомври, меѓутоа тој рече дека оваа негова одлука не се должи на меѓупартиски договор, туку дека ја донел исклучиво врз основа на законите, бидејќи токму во тој период им истекувал мандатот на актуелните градоначалници.
„Со ова се обезбедуваат законските обврски за обезбедување на термин со кој градоначалниците нема да го надминат законски утврдениот мандат од 4 години“, рече Џафери.