Денес и утре посебен режим на сообраќај кон Крушево


Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека на 1 и 2 август 2021 година (недела и понеделник), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

Почнувајќи од 15.00 часот на 01.08.2021 година па сѐ до 22.00 часот на 02.08.2021 година на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево – место викано Слива, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи