Претседателот Стево Пендаровски објави дека доцна вечерва телефонски разговарал со бугарскиот претседател Румен Радев и било договорено Бугарија во најкус можен рок да испрати помош за гаснење на пожарите.
„Доцна вечерва имав телефонски разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Договорено е во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици кои ќе помогнат на нашите екипи во гасење на пожарите“, објави Пендаровски на Фејсбук.