Заев го напушти Крушево и итно се упати кон Кочани

Facebook
Twitter
Email
Print


Премиерот Зоран Заев ја напушти централната манифестација на Мечкин Камен по вестите дека големи пожари се закануваат во Кочани и Кумановско, а веќе зафатија и неколку куќи.

„Ситуацијата е под целосна координација на Централниот кризен штаб и се мобилизирани сите неопходни сили и противпожарни служби од општините кои се оптимално блиску за да стигнат. Во моментов е намален ветерот и е локализиран пожарот над Кочани и над Старо Нагоричани за да не зафати нови делови од урбаното подрачје. Јас и неколку министри одиме кон Кочани, а николку министри ќе одат кон Старо Нагоричани. Утре од сабајле ќе дејствуваат и хеликоптерите. Подготвено е утре наутро и помош од соседите доколку е потребно“, изјави вечерва Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи