Пендаровски: Издадов наредба војската и воздухопловите да помагаат при гаснење на пожарите во Кочани

Facebook
Twitter
Email
Print


Претседателот на државата и Врховен командат на вооружените сили Стево Пендаровски на социјалната мрежа Фејсбук информираше дека дал наредба за гасење на пожарите во Кочани од воздух.

„Вечерва во Крушево, началникот на генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ме информираше за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево. Наредбата како Врховен командант за ангажман на армијата со целосен капацитет ја дадов во 16:30 минути. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани. Во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба“, напиша Пендаровски.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи