Претседателот Стево Пендаровски информираше вечерва дека хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови.
„Сакам да ја информирам јавноста дека хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови. Ова е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови“, напиша Пендаровски.