54 новозаразени oд кои 32 случаи се во Тетово и 1 починат од Ковид-19


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.087 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на КОВИД-19:

Тетово – 32, Скопје – 13, Дебар – 4, Гостивар и Валандово – по 2, Кичево – 1.

Починато е едно лице од Тетово, на возраст од 77г, во болнички услови.

Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од: Скопје – 12, Куманово – 4,  Тетово – 3, Кичево, Велес, Охрид и Струга – по 2, Струмица– 1.

Досега во земјата се направени вкупно 985.556 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.506 бројката на оздравени пациенти е 150.399, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 613.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи