Според остварените финансиски резултати, најголемиот агрокомбинат во државата – ЗК „Пелагонија“АД Битола се опоравува. Тој лани со помали приходи за 11,7 проценти, остварил поголема добивка за повеќе од 14 пати. Имено, минатата година приходите на ЗК „Пелагонија“ биле 17,9 милиони евра а добивката му била околу 425.000 евра, а во 2019-та година приходите изнесувале 20,3 милиони евра, а добивката неполни 29.000 евра, пишува порталот Пари.
Позитивните резултати на ЗК „Пелагонија“ се особено важни за целата држава. Комбинатот ја има во своја сопственост најголемата житница – произведува пченица, јачмен, маслена репа, сончоглед, пченка, а има и овошни и градинарски насади. Земјиштето што се обработува е распространето на 17.500 хектари, а во сопственост на комбинатот има и околу 4.000 грла говеда. Овој комбинат сега е под мониторинг на банките, а пред две ипол години сметката му беше блокирана.
Во 2011 година, бизнисменот Јордан (Орце) Камчев кој сега се наоѓа во притвор, го купи управувачкиот пакет на акции на комбинатот и истовремено на Стопанка банка – Битола. Но, според податоците од јануари 2020 година, Орце Камчев во меѓувреме го намалил својот удел, и тој и Цветан Панделески поседуваат по 19,99% во основната главнина на ЗК “Пелагонија“.
На крајот од 2018 година, Јордан Камчев и Цветан Панделевски, како осомничени во случајот “Империја“, отидоа во притвор во „Шутка“. Набргу, извршителите се најдоа во пелагонсикиот комбинат и обелоденија дека компанијата им должи на банките (Стопанска банка – Скопје, НЛБ Банка, Стопанска банка – Битола и Комерцијална банака) вкупно 23 милиони евра. Поради долговите, сметката на Комбинатот беше блокирана, а вработените излегоа на протест барајќи си ги заостанатите плати. Тогаш раководството изјави дека се водат проговори со банките – доверители и дека сметката ќе биде одболкирана. Така и се случи, а банките известија дека отплатата ќе почне од септември 2019-та кога ќе заврши реколатата со житни култури и дека Комбинатот ќе биде под мониторинг на банките во наредните 3 години.
Целиот текст достапен тука.