Министерството за здравство информира дека 9 жители на Кочани кои синоќа побараа лекарска помош поради вдишување на чад, како последица од пожарот се во добра здравствена состојба.
Сите пациенти се пуштени дома. Неколку часа биле задржани во болница, каде што примале кислородна терапија.
„Во пожарот нема поврдени со изгореници“, информираат од Министерството за здравство.