Отворена дебата во Дебар

Младинскиoт тим на ученици од СОУ „28 Ноември“ Дебар вклучени во реализација на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“, имаа средба со претставник на Општина Дебар г-дин Фуат Спахиу. Овој проект го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп а е поддржан од ifa/Zivik програмата во склоп на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

На отворената дебата учениците претставија свои мислења и идеи за потребите на младите во училиштето и во градот. Како предлози на учениците од оваа дебата излегоа: изградба на затворен базен кој ќе може да се користи од сите граѓани и во летните и зимските денови, поставување забавни игри за деца во еден дел од градскиот парк, да се уреди патот покрај езерото, да има сала или простор за танцување со професионален тим и да се формираат и други групи како за пеење и драма и учениците да имаат свое катче или простор (ателје) каде што ќе можат да цртаат.

Овој проект се реализира втора година и во истиот се вклучени 10 средни училишта од 10 различни општини од нашата држава.

Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи