Платформата за видео конференции „Зум“ се согласи да плати 86 милиони долари за решавање на колективна тужба за загрозување на приватноста на корисниците во Соединетите Американски Држави.
Во тужбата се наведува дека „Зум“ ја компромитирал приватноста на милиони корисници со тоа нивните лични информации биле споделени со„Фејсбук“, „Гугл“ и „Линкдин“.
Компанијата негира дека имало загрозување на приваноста на корисниците, но се согласи да ја зголеми безбедноста на платформата.
„Приватноста и безбедноста на нашите корисници се врвни приоритети за Зум и ние сериозно ја сфаќаме довербата што корисниците ја имаат во нас. Горди сме на напредокот што го постигнавме на нашата платформа и со нетрпение очекуваме да продолжиме да иновираме во првите редови на приватноста и безбедноста“, велат од компанијата.
Тужбата, поднесена во март 2020 година во Окружниот суд во Северна Калифорнија, е само една од неколкуте со кои се соочува платформата за видео конференции. Тужбата е поднесена во име на претплатниците на Zoom Meetings низ целата земја, како и корисници кои бесплатно ја користат платформата.