Премиерот на Бугарија, Стефан Јанев, изјави дека ќе испрати помош во Македонија за справување со пожарите кај Кочани и кај Делчево. Таа ќе се состои од 25 пожарникари, три противпожарни возила и две амбулантни возила.
Помошта ќе стигне преку механизмот за заемна помош.
Инаку, вчера Србија во Македонија испрати четири хеликоптери кои на терен гаснеа шумски пожари, а во земјава дојдоа српскиот министер Александар Вулин и српскиот помошник министер за кризни ситуации Лука Чаушиќ.