Стојанче Ангелов на денешната владина седница, е именуван за директор на Центарот за управување со кризи. Тој досега беше в.д директор како и најголемиот број директори на институциите.
За в.д. директор на ЦУК Ангелов е именуван во ноември 2020 година.
Пред 5 дена Ангелов на Твитер го објави Јавниот оглас што го распиша Владата за избор на директор на институцијата со која тој раководи како вршител на должност.
Кој смета дека е подобар нека се јави. Во спротивно нека молчи засекогаш. Добро, не баш засекогаш, барем во наредните 4 години.https://t.co/rbCJCKGJ7d
— Stojanche Angelov (@StojanceAngelov) July 29, 2021