Според податоците на Еуростат, минатата 2020 година, Европската унија произвела 2,9 милијарди литри сладолед.
Во последната година, земјите од ЕУ извезиле 232 милиони килограми сладолед во трети земји, со вкупна вредност на извозот од 752 милиони евра. Увозот пак, изнесува 79 милиони килограми во вредност од 182 милиони евра.
Германија е најголемиот производител на сладолед во ЕУ. Лани, земјата произвела 642 милиони литри. После неа следуваат Франција со 516 милиони литри и Италија со 509 милиони литри.
Најниската просечна цена на произведен сладолед повторно ја има Германија со цена од 1,3 евра за литар. Највисоката цена ја има Франција со цена од 2,2 евра за литар сладолед, а потоа следи Италија со просечна цена од 2 евра за литар сладолед.