Министерството за здравство информира дека е достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство.
Common Pass е унифициран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу. Покрај патувањето и доказ за вакцинација со овој Common Pass граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните.
За преземање на овој сертификат треба:
1) Да се најавите на вебстраницата vakcinacija.mk.
2) Во својот личен профил можете да го најдете нациналниот сертификат издаден од МЗ со QR код за примена вакцина.
3) Системот ви дава опција за внесување на број на валидна патна исправа.
4) Откако ќе го внесете бројот на пасошот се креира автоматски CommonPass.
5) За да креаирате дигитален CommonPass, достапен секогаш на вашиот паметен телефон, треба да ја преземете мобилната апликација „CommonPass„ oд Google Play Store/App Store.
6) По симнување на апликацијата истата ќе ви побара да го внесете следниот активациски код: CPNMKD.
7) Потоа апликацијата ќе побара да го скенирате QR кодот од CommonPass сертификатот кој веќе го имате симнато на компјутер. Доколку имате потешкотии да го скенирате кодот од eкран, испечатете го CommonPass сертификатот и скренирајте директно од хартија.
Министерството за здравствно им нуди повеќе опции на вакцинираните граѓани за патување во странство, освен националниот сертификат со QR код, сега имаат можност да патуваат во САД и Канада и со CommonPass, а веќе од следната недела ќе биде достапен и Зелениот пасош за патување во ЕУ.
Министерството за здравство укажува дека независно од сите сертификати кои ќе бидат обезбедени за нашите граѓаните, секоја земја согласно епидемиолошката состојба има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење во истата.