Од утрово повторно е активен твитер профилот на министерот за здравство, д-р Венко Филипче.
„Добро утро. Мојот официјален твитер профил е повторно активен. Се читаме“, напиша Филипче.
Неколку денови твитер профилот на министерот Филипче беше ставен на рестрикција од страна на Твитер поради тоа што ненамерно при логирање бил внесен погрешен код на верификација и била забележана невообичаена активност.
Добро утро, мојот официјален твитер профил е повторно активен. Се читаме 🙂
— Венко Филипче (@VFilipche) August 4, 2021