Компанијата „Мател“ создаде Барби кукла со ликот на Сара Гилберт, научничката која ја разви вакцината против ковид-19 на Универзитетот Оксфорд.
Научничката Гилберт вели дека првично идејата и била „чудна“, но се надева дека куклата ќе ги инспирира децата.
„Мојата желба е мојата кукла да им покаже на децата жена која направила кариера во непопуларни професии, како што е вакцинолог“, рече таа.
Нејзината Барби е една од новите кукли посветени на жени од областа на наука, технологија, инженерство и математика.
Гилберт почна да развива вакцина против коронавирусот во почетокот на 2020. Вакцината на Оксфорд – АстраЗенека, сега е најшироко користена во светот, а дозите од неа се администрираат во повеќе од 170 земји.