Во последните 10 години Македонија нема купено ниту 1 противпожарно возило


Во последните 10 години Mакедонија нема купено ниту 1 противпожарно возило наменето за гаснење пожар во шумски предели.

Купувањето на противпожарни возила е исклучиво во надлежност на локалната самоуправа, односно од општинските буџети се издвојуваат пари за опрема потребна за пожарникарите, купување на опрема за возилата или за купување на нови возила.

Македонија располага со вкупно 241 противпожарни возила од кои 70 се донации од приватни компании, држави или организации.

Според официјалните податоци, 3 компании се најпознати за да може да се набави едно противпожарно возило. Од моментот на набавката потребни се од 9 до 10 месеци компанијата да го испорача возилото.

Просечната цена на противпожарно возило наменето за гаснење пожари во урбани средини се движи од 100 до 200 илјади евра. Просечната цена за специјално возило наменето за шумски предели изнесува околу 400 илјади евра.

Покрај возилата противпожарните бригади се соочуваат и со недостиг од над 500 пожарникари неопходни за заштита на граѓаните од пожари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи