Во моментов во Прилеп активни се три пожари и тоа кај : селата Топлица, Ракле, и Смолани. Пожарот кај селата Ракле и Толица гори веќе трет ден, а од синоќа е зафатен и регионот на Смолани.
Од ТППЕ Прилеп велат дека гори нискостеблеста шума и трева, но кај Смолани има опасност да се зафати и борова шума. Во моментов пожарите ги гаснат 15 пожарникари во смена, а од утрово им се приклучиле и 30 припадници на АРМ. Но тој број воопшто не е доволен.
Според командирот на ТППЕ Прилеп Виктор Стојчески ветерот бил силен, температури високи што само уште повеќе го распалувало огнот и го отежнувало гаснењето, а тука бил и тешко пристапниот терен. Досега изгорен околу 1.000 хектари трева и ниско стеблеста шума, а во моментов активен пожар имало на околу 10 хектари.