Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, претпладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец.
Во попладневните и ноќните часови ќе има зголемена облачност, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степени. УВ=9
УХМР со актуелно предупредување:
Денес ќе се задржи сончево и екстремно топло време. Во попладневните и ноќните часови, како и утре претпладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и услови за појава на град. Утре и во сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.