Градоначалникот на Делчево апелира за евакуација на жителите од Нов и Стар Истевник

Facebook
Twitter
Email
Print


Поради алармантната состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се загрозат човечки животи, градоначалникот на Општина Делчево потенцира дека е неопходна  евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник.

„Апелирам жителите да бидат крајно внимателни и да не се движат во критичните реони. Поради неконтролираното ширење на пожарот се предупредуваат и жителите на с. Тработивиште да бидат крајно внимателни и да ја следат состојбата со цел брза реакција доколку пожарот земе посилен замав во атарот на селото“, истакна Трајковски.

Жителите од споменатите маала моментно спасуваат што може да се спаси од пожарот кој веќе навлезе и во селото Стар Истевник.

Како што информира Васил Маневски жител на село Тработивиште зафатена е и месноста Браниград, а пожарот неконтролирано се движи кон село Тработивиште.

Во огнената стихија забележливи се и хеликоптери кои учествуваат во гаснењето, додека на терен се и преку 100 луѓе кои даваат теренска поддршка за гаснење на најголемата огнена стихија која како што велат жителите досега не е запаметена во делчевско.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи