Свидетелствата за учениците од деветто одделение и матурантите беа поделени во јуни, но за сите останати ученици од основните и средните училишта ќе бидат дистрибуирани во периодот од 17 до 20 август, велат од бирото за развој на образованието за радио МОФ.
Оттаму не наведуваат која е причината за задоцнетото снабдување со свидетелства за сите ученици, но посочуваат дека приоритет имале деветтоодделенците и матурантите поради упис во гимназија и факултет.
Сепак, свидетелства добиле и ученици кои имале потреба итно да го добијат овој документ поради преселба, префрлување во друго училиште, или изгубено свидетелство.