Сејдини: Ниту јас сум го поставил името на ФФМ, ниту имам право да го менувам

Facebook
Twitter
Email
Print


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, вели дека останува доследен и нема надлежност да го промени името на федерацијата.

„Ниту јас сум го поставил името на ФФМ, ниту имам право да го менувам. Единствен кој може да го смени е Собранието на ФФМ. Тоа е мојот став и јас во моментов немам намера ништо да правам по тоа прашање“, изјави Сејдини, одговарајќи на новинарско прашање околу реакциите на Грција за време на настапот на Македонија на ЕУРО 2020.

Сејдини денеска официјално го промовира новиот селектор на фудбалската репрезентација, Благоја Милевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи