Сто и пет заболени од Ковид-19 се хоспитализирани во Скопје и во другите градови, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Најголем број хоспитализирани има во Клиничката болница во Тетово – 32, а потоа следат Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје – 20, Општата болница во Гостивар – 20 и Општата болница во Куманово – 10.
Во болницата во Струмица има 7 пациенти со Ковид-19, во болницата во Прилеп 6, во Битола и Штип по 4 пациенти, и по 1 во болниците во Велес и во Струга.